6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

АМСМ со информација за сите возачи, на кои места треба да внимавате

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози. Како што информира АМСМ, слаб дожд врне низ цела Македонија, а поради магла видливоста на патниот правец село Лисец – Попова Шапка е намалена до 50 метри.

На некои патни правци кои поминуват низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ чии екипи се постојано на терен и ги одржуваат патните правци, апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

поврзани објави

Последни објави