11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Колев до локалната власт во Штип: Уште колку луѓе треба да настрадаат за да се фатите за работа?

Со огромно разочарување и искрен гнев, денес од медиумите дознав дека уште еден пешак, наша сограѓанка била удрена со автомобил во центарот на градот Штип на пешачки премин. Во претходниот таков случај кој за моја огромна жал заврши со загуба на млад човечки живот најискрено и добронамерно предложив решение и ѝ сугерирав на локалната самоуправа да преземе мерки. Не ми е јасно и не можам да разберам уште колку вакви немили настани треба да ни се случат за некој мрзлив чиновник да се размрда и да го реши проблемот. Не очекував од вас господа од општината генијалност или изуми, најдобронамерно и искрено ве замолив да преземете модели кои веќе работат во голем дел од европските земји, вклучително и во некои од општините во Македонија.

Не само што сте мрзливи и неспособни, вие сте и лицемерни и апсолутно неодговорни. До сега за овие неколку дена можевте да се организирате и како приоритет да ги подигнете сите пешачки премини во градот. Размислете и за поставување на камери за брзина и камери за набљудување-видео надзор.

Ова вака не може да продолжи!“- напиша на својот профил Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија (ГДУ). Револтот на Колев е насочен кон локалната власт во неговиот роден град Штип, откако денеска почина детето што беше прегазено пред неколку дена, а друга жена беше удрена од автобил на пешачки премин во центарот на истиот град.

поврзани објави

Последни објави