Врнежите од дожд по долгиот сушен период значително не ја подобрија хидролошката кондиција на Охридското Езеро, чие ниво и натаму е под просекот за ноември. Според утринските мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро 693,25 метри надморска височина, што е за осум сантиметри над нултата кота од 693,17 м.н.в., односно петнаесет сантиметри над природниот минимум од 693,10 м.н.в.. информира Ohridnews.
Намаленото ниво на Охридското Езеро негативно влијае на живиот свет во езерото, како и во каналот Студенчишта каде презимува плашицата, но и крапот. Поради намаленото ниво на вода, а со тоа и на кислород во неа, во опасност е доведена големата популација на плашица во каналот. Деновиве дојде до угинување на помала количина плашица. Во обид таа да биде спасена со пумпи се врши дотур на свежа вода во каналот каде нема доволно кислород за рибата.
Извор: Ohridnews – ОВДЕ