6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицкоски до властите: Престанете со шоуто за Груевски и одговорете како се случи бегството

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во интервју за 1ТВ бегството на експремиерот и почесен претседател на партијата, Никола Груевски, го нарече скандалозно. Категорично ги отфрли шпекулациите дека знаел за планот на Груевски и дека за тоа бил запознат на нивната неодамнешна инкогнито средба.

„Вистинското прашање е како ова се случи. Зошто надлежните институции го дозволиле бегството. Многу доброо знаат јас каде се движам, зошто не би знаеле за Груевски, кој беше осуден на две години затвор. Доколку навистина не знаеле тогаш станува за голем пропуст. Крајно време е да престане реалното шоу што ни го приредува власта. Ги охрабрувам во истрагата да ги пронајдат виновниците и помагачите“, изјави Мицкоски. На последната средба со Груевски пред неговото бегство, како што рече, разговарале на неколку теми. Меѓудругото и за сето она што му се случувало на експремиерот, што беше и претходно, како што додаде, квалификувано како политички прогон. „Немав никакви индиции дека тој ќе побегне“, рече Мицкоски.

Тој негираше и дека неговите посети на Србија и Унгарија имале некаква поврзаност со бегството на Никола Груевски.

„Да, точно е дека изминатиот период го искористив за низа патувања, меѓу кои беше и патувањето во Србија, но тоа беше приватно патување и не се сретнав со Вучиќ, тој тогаш не ни беше во земјата. Тоа го искористив и да отидам до Унгарија за да се видам со Орбан, неколку недели пред скандалозното бегство на Груевски. Јас стојам на располагање. Со Орбан не разговаравме за Груевски, туку за Конгресот на Европската народна партија“, рече Мицкоски.

Извор: Независен

поврзани објави

Последни објави