-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сашо Мијалков преместен во „хашка соба“ во затворот во Шутка

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков е преместен од обична во т.н „хашка соба“ во затворот во Шутка, дознава ТВ21 од добро упатени извори.

Како што дознава телевизијата, Мијалков е преместен во една од шесте „хашки соби“ кои ги има во истражниот затвор во Скопје. Нашите извори велат дека само еден ден поминал во обична ќелија. „Хашките соби“ важат за привелигирани соби и се градени според стандардите на ЕУ, па затоа условите во нив се далеку попристојни од останатите ќелии.

Во овие соби најчесто се сместуваат притвореници со здравствени проблеми, оние кои имаат врски или оние на кои им е загрозена личната безбедност според карактерот на делото, велат поранешни затвореници.

Покрај Мијалков и бизнисменот Орце Камчев исто така е сместен во „хашка соба“.

поврзани објави

Последни објави