5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ИК на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да протестираат за приведувањата за 27 април

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на вчерашната редовна седница, донел одлука во наредниот период да организира протести со кои, како што велат од партијата, ќе се застане на патот на антинародната и криминална власт, информира Независен.

Првиот протест се планира за среда, на годишнината од приведувањата за настаните на 27 април. Протестниот марш ќе почне од Плоштад ВМРО, а ќе заврши пред владата на Македонија.

Извршниот комитет, како што е соопштено, заклучил дека од доаѓањето на новата власт државата само тоне, а граѓаните се обвиткани во црна сиромаштија. Во однос на кадровските прашања, ИК на ВМРО-ДПМНЕ донел одлука за објавување јавен повик за кандидирање на членови на дваесетина комисии на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави