4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Милчин: Министрите треба да го бранат јавниот интерес, а не партискиот

Некогашниот прв човек на соросовата фондација во земјава, Владимир Милчин, отворен поддржувач на политиките на Зоран Заев и СДСМ, го искоментира разрешувањето од местото Претседател на УО на Македонска Филхармонија на Бранка Костиќ Марковиќ, од страна на министерот за култура.

ГЛАВА БОЛИ ОД Т.Н. КАДРОВСКА ПОЛИТИКА

Директор побарал разрешување на претседателката на УО во една институција од културата! И министерот ја разрешил под итно на барање на директорот! Скандал кој не може да биде одмолчан. Кој и чиј грб стои зад оваа клиентелистичка афера? Зар министерот не бил предупреден од правниците во Министерството за култура дека одлуката е противзаконска и дека остава горчлив вкус во јавноста? Настрана што министерот го потпишал решението без да ја повика на разговор Бранка Костиќ. Министрите треба да го бранат јавниот интерес, а не партискиот. Тоа важи и за културата!, пишува Милчин на својот ФБ профил.

поврзани објави

Последни објави