Зоран Заев ја прикрива својата неспособност и аматеризам со обвинување и расправање со соседите и нашите партнери, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како рекција на изјавата на премиерот Заев, во која тој кажа дека oстанува прашањето за тоа како четири пријателски земји, од кои три се членки и на НАТО Алијансата, дозволиле премин на поранешниот премиер Груевски.
„Обвинувањето на наши стратешки партнери како НАТО и нашите соседи со кои имаме одлична соработка како држава за сопствената неспособност е чист дилетантизам и не и оди во прилог на Република Македонија, туку ја продлабочува дупката во која е западната државата, поради Заев и црната власт“, се наведува во партиското соопштение.
Од опозициската партија додаваат дека организација како НАТО која е стратешки партнер на Република Македонија не е и не може да биде оправдување, за како што велат, нечии пропусти и аматеризам.
„Република Албанија, Црна Гора, Србија и Унгарија се наши земји пријатели и тие исто така не се виновни за неспособноста на Заев и црниот СДСМ“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.