„Македонија блокира“ кои порано беа дел од Бојкотирам за време на референдумот вечерва предводени од првиот човек на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев го блокираа граничниот премин со Грција.
Како што информира порталот А1он, протестирачите биле придружувани со полициско возило до самото место на протестот, а патот го попречиле со автомобилско возило.
Ние сме Македонци свои на своето, нема да дозволиме некој што не е Македонец да го менува името. Нема да дозволиме да не менуваат, ќе останеме Македонци макар и по цена да го дадеме својот живот, порачаа од „Македонија блокира“, пренесува порталот а1он.
Фотографиите и целата содржина од терен можете да прочитате на порталот А1он ОВДЕ