Млечните жлезди и други карактеристични особености на женското тело се формирани во текот на еволуцијата, бидејќи мажите-предци Homo престанале да обрнуваат внимание при воспитувањето на потомците. До овој заклучок дошле биолози од Универзитетот во Бристол, автори на написот објавен во Proceedings of the Royal Society B.
Научниците, раководении од Џон Мекнамара ја разгледале грижата за децата кај различните видови на животни: како оние кај кои за потомството се грижи само едниот родител (вообичаена пракса кај цицачите), така и оние кај кои за малите се грижат и мајката и таткото ( пред сè птиците).Според стручњаците грижата за децата секогаш е проследена со конфликт меѓу половите: за детето е профитабилно да се грижат сите и што повеќе, а за родителите е подобро да пренесува оваа одговорност на другиот. Како резултат на тоа се создала од самиот почеток “поделба на трудот” за сметка на кој меѓу цицачите еден од половите почнува да посветува на воспитување на потомството повеќе време. Со текот на времето тоа влијае и анатомијата – така се јавуваат млечните жлезди кај цицачите и гради при широки видови животни.Оваа карактеристика овозможува поефикасно да се храни потомството и на крајот таа обврска се пренесува на еден од половите.
“Полот, на кој му е полесно и поевтино да се грижи за потомството еволуирал така што да може да ги воспитува децата и да им посветува многу повеќе време отколку другиот пол. Што се однесува до цицачите, тогаш мажите се ослободиле од губењето на време за хранење (од млечните жлезди) и вложуваат помалку напор при воспитувањето на потомството “, појаснува професорот.