Сакате ли да дознаете дали лицето со кое сте во врска е вашата сродна душа, дали ви се јавуваат знаци дека не сте еден за друг или во прашање се нормални фази низ кои сите парови поминуват?
Решете го тестот и ќе ја дознаете вистината.
1. После долгото чекање во кафулето, што би му рекле кога ќе го здогледате вашиот сакан?
а) среќо моја, конечно дојде,
б) па, каде си до сега, премногу долго те нема,
в) повторно доцниш, намерно или нешто треба да значи ова,
г) да не имаше гужва во сообраќајот.
2. Колку пати годишно си испраќате едни со други СМС пораки во исто време?
а) мислам дека тоа никогаш не ни се случило,
б) неколку пати, но случајно,
в) често, тоа е доказ дека ние мислиме еден на друг во исто време,
г) не обрнувам внимание на тоа, па не знам.
3. Како ја изразувате љубовта кон вашиот сакан?
а) го прегрнувам во тишина, зборовите се излишни, бидејќи знае дека го сакам со целото мое срце,
б) му купувам некои ситници за да биде опкружен со дарови што го потсетуваат на мене,
в) повремено му кажувам два слатки збора “те сакам” или го задевам,
г) со сè по малку, и со подароци и со убави зборови.
4. Со кој животински пар би сте споредиле?
а) пастув и кобила,
б) богомолка и пајак,
в) славејчиња,
г) зајак и зајачица.
5. На кое место би го одвеле вашиот партнер?
а) во дискотека на забава до зори,
б) на песочна плажа со зајдисонце и звук на гитара,
в) шетање во природа,
г) на вечера.
6. Во нумеролошкиот свет, со кој број би се споредиле себеси и вашиот сакан?
а) 11,
б) 007,
в) 50,
г) 1.000.000.000.000.
7. Кои анимирани ликови најдобро ќе ве опишат вас и вашата сакана личност?
а) Том и Џери,
б) Убавицата и Ѕверот,
в) Којотот и Брзата Птица,
г) Штрумфета и Гаргамел.
8. Кое годишно време најдобро ја опишува вашата врска?
а) зима,
б) лето,
в) есен,
г) пролет.
9. Кој овошен вкус ве потсетува на вашиот партнер?
а) грејпфрут,
б) јагода,
в) лимон,
г) банана.
10. Што ве асоцира на вашата сакана личност?
а) ружа,
б) небо,
в) гитара,
г) срце.
11. Која боја ве потсетува на вашата љубов?
а) зелена,
б) црна,
в) сина,
г) жолта.
Поените се прикажани подолу:
ПОЕНИ:
Одг. а) Одг. б) Одг. в) Одг. г)
1 —— 5 —— 3 —— 4 —— 2
2 .—– 2 ——- 4 ——- 5 ——- 3
3 .—— 5 —— 2 —— 3 ——- 4
4 .—— 3 ——- 2 —— 5 ——- 4
5 .—— 3 ——- 5 ——- 4 —— 2
6 .—— 5 —— 2 —— 4 —— 3
7 .—— 3 —— 5 —— 2 —— 4
8 .—— 3 —— 4 —— 2 —— 5
9 .—— 2 —— 5 —— 4 —— 3
10 .—– 4 —— 2 —— 5 —— 3
11 .—– 2 —— 5 —— 4 —— 3
РЕШЕНИЈА:
ОД 22 ДО 34 ПОЕНИ:
“Просечна тага” – За жал, не сте со личноста која може да ви биде сродна душа. Сепак, не грижете се, ако таа личност навистина изгледа среќна, нема простор за паника и тага. Времето веројатно ќе докаже дека не сте еден за друг, но тоа не е причина за несреќа.
Секој има некаква своја сродна душа. Ако со еден не ви оди, друг ќе дојде. За љубов, никогаш не е доцна.
ОД 35 ДО 40 ПОЕНИ:
“Златна средина” – Вие сте среќни покрај саканата личност! Можеби тоа не е онаа совршена, целосна среќа за која сите сонуваат, но можете да бидете задоволни. Во секоја врска има моменти кои не се најубави, но доаѓаат и си одат.
Немојте да се деморализирате и да кажете дека се сомневате во сè што сте го изградиле со вашиот партнер. Морате да работите заедно за да ги решите проблемите и повторно да изградите среќа, бидејќи тоа е единствениот начин за среќен живот заедно.
ОД 41 ДО 55 ПОЕНИ:
“Го најдовте она што го барате” – Престанете да барате сродна душа, бидејќи таа е покрај вас. Уживајте во вашата среќа и немојте да ја криете пред партнерот или пред другите луѓе. Не дозволувајте поради некои мали несогласувања да се сомневате дека сте родени еден за друг.
Лесно ќе ги надминете сите тешкотии на кои ќе наидете низ животот, бидејќи ве поврзува вистинската љубов.