Во гостувањето на 1ТВ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето на новинарот Чомовски дали Љубчо Георгиевски е се уште почесен претседател на партијата, лидерот на најголемата опозициска партија Мицкоски одговори вака:
Да, мислам дека е. Не би се сложил со тоа дека Љубчо Георгиевски е во таборот на Зоран Заев. Напротив. Тој беше само времено во таа група која се залагаше за прашањето за референдумскиот процес. Она што мене ми е познато а е поврзано со последниот изборен циклус, каде што господинот Геориевски остави на неговите поддржувачи да дадат поддршка по свое убедување на последните локални избори. Така што можам да кажам дека неговата последна јавна политичка позиција е дека остава на неговите поддржувачи по своја волја кому да ја дадат својата поддршка, така што не би се согласил со вашата констатција дека тој е против нас.
Во однос на реформаторите, тој вели дека не се исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, напротив со нив имал редовна комуникација, со други не така честа комуникација, а дека во политиката нема вечни пријатели, ниту пак вечни непријатели.