4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Погледнете кои се забавните разлики ако чувате куче и ако чувате маче

Секој сопственик на куче ќе ви каже дека нема подобро животно од неговиот миленик. Сопсвениците на мачки, пак, ќе ви кажат дека мачките се најслатките миленичиња на цел свет. Ние ви ја претставуваме разликата меѓу нив, во слики.

Како ве чекаат кога ќе стигнете дома

Кучето ќе биде пресреќно што ве гледа, ќе скока низ целата куќа, ќе ви го лиже лицето. Мачката можеби ќе стане ако е време за вечера. Таа не се заморува со свечен пречек на нејзиниот сопственик.

Прошетки

Во светот на кучињата секое време е време за прошетка. За мачките самото сознание дека треба да го напуштат домот. И ако успеете да ѝ врзете ременче, не очекувајте ентузијазам.

Гушкање

Мачките ќе се гушкаат со вас кога ќе се расположени. Кучињата ќе се гушкаат во секое време.

Тренинг

Кучето можете да го научите нешто ново за половин час. Како да ја научите мачката да ве слуша? Со среќа, и ако успеете, ние сме расположени да ве ислушаме.

Дисциплина

Ако викнете погласно по кучето, ќе ја наведне главата и ќе чувствува вина. Ако ја искарате мачката, не само што нема да подзастане, туку најверојатно ќе направи уште некоја беља.

Мачка

Игра со другите

Кучињата во истиот миг кога ќе видат куче можат да почнат да си играат со него. Мачките, поверојатно, ќе се обидат да се повредат една со друга.

Лутина

Целиот текст прочитајте го на Hybread.mk – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави