6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Македонска државјанка со авион сакала да пренесе 62 литри ракија за Шведска

Цариниците спречиле шверц на ракија и цигари за Шведска, во два одделни случаи минатата недела на Аеродромот Скопје, информираше Царинската управа.

Во првиот случај, во три патни торби сопственост на македонска државјанка, биле пронајдени 13 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 62 литри домашна ракија. Во вториот случај, при контрола на патна торба на шведска државјанка со потекло од Косово, биле пронајдени 33 штеки цигари со македонски акцизни маркички. Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.Цариниците спречиле шверц на ракија и цигари за Шведска, во два одделни случаи минатата недела на Аеродромот Скопје, информираше Царинската управа.

Во првиот случај, во три патни торби сопственост на македонска државјанка, биле пронајдени 13 штеки цигари со македонски акцизни маркички и 62 литри домашна ракија. Во вториот случај, при контрола на патна торба на шведска државјанка со потекло од Косово, биле пронајдени 33 штеки цигари со македонски акцизни маркички. Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани а против патниците ќе бидат поведени прекршочни постапки.

поврзани објави

Последни објави