11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Почна протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните го скандираат името на лидерот Христијан Мицкоски

Во придружба на своите најблиски соработници во првиот ред, Владо Мисајловски, Александар Николовски, Игор Јанушев, но и членовите на ИК на партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го предводеше протестот кој започна од пред централното седиште на партијата, а кој ќе заврши пред владата на Република Македонија.

За време на своето марширање до Влада, граѓаните извикуваат „Македонија“ „Христијан, Христијан“ „Едно име имаме“ и „ВМРО-ДПМНЕ“.

Лидерот на партијата во своите раце го зеде микрофонот и извика „Македонија“ и „ВМРО-ДПМНЕ“.

Граѓаните пред пристигнувањето пред Владата на Република Македонија почнаа да извикуваат „Оставка“

поврзани објави

Последни објави