Без автобуси, без да можеме да ги тераме со сила нашите сограѓани, како што тоа го правеше Зоран Заев за еден друг проект. Да дојдат слободно, да го изразат својот револт за овие национални омаловажувања. Година и половина ја унишуваат Македонија. Ни ветуваат 5 % раст на БДП, пекол донесоа, темнина донесоа кај секој еден граѓанин во Република Македонија.
Национално не уништвите, направивте Македонецот да биде рамнодушен. После сите понижувања овие година ипол, после целиот колапс што и го направивте на вашата татковина, ние ќе застанеме рамо до рамо со сите граѓани без разлика на вера и нација за да ве испратиме на темната страна на историјата.
Ќе ве поразиме жестоко, ќе ве испратиме на буниште, таму каде што припаѓате.
Во меѓувреме дури траеше говорот на Мицкоски граѓаните извикуваат „Избори“ и „Победа“.
Црнила и темнина надвладеа над нашата мила татковина Република Македонија. Ќе ви покажеме дека пред зората е најтемно. После овие црнила доаѓа зората, а таа носи надеж за подобра иднина на нашите граѓани, вели лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски во својот говор од пред Влада.
Ветуваа Гугл ќе го донеселе, Фејсбук ќе го донеселе. Шајка не заковаа. Нема тоа да ви дозволиме да манипулирате. Нема да се тргнеме од пред Влада, додека не ви го видиме тилот како излегувате од оваа зграда. Ги поништвите сите граѓани без разлика на нивната етничка и национална припадност.
Ќе изгрее зора на слободата! Не можам да ветам чуда, не можам нешто што нема да го исполнам, најважно нешто во мојот живот е образот и честа. Ве молам и вие кои застанавте рамо до рамо со нас, секогаш кога ќе ги полните штабовите, кога ќе доаѓате со нашите сограѓани кажувајте им ја вистината за ВМРО-ДПМНЕ. Да бидеме чесни и честити. Само така можеме да ги освоиме и довербата и срцата на нашите сограѓани. Нема да ветиме 500 километри автопат, но ќе ветиме 500 километри патишта кои ќе ги направиме за да нашите сограѓани имаат помали незгоди на тие патишта. Нема да ветиме дека ќе донесеме чист воздух, но ќе ветиме 30 % на намалувањето на загадувањето заради тоа што имаме методологија со која ние тоа го можеме, рече Мицкоски во својот говор.