Рауф Јасит е професионален танцувач кој е најмногу препознатлив по неверојатната флексибилност и способноста да направи неизводливи пози.
Уште како дете татко му го научил на традиционалните курдски танцови, а потоа го терал да танцува на свадби и слични свечени настани. Иако не му било лесно да ја гради кариерата, бидејќи многупати го понижувале поради неговиот стил на танцување, сепак тоа му било предизвик и поттик да биде уште подобар и покреативен.
Рауф има учествувано на многу натпревари и културни настани, а од 2007 година започнал активно да работи во областа на современиот танц. Вежба по осум часа дневно, пет пати неделно и танцувањето за него претставува повеќе од обично хоби, тоа е негов стил на живеење.
„Овој начин на танцување ми даде моќ и сила бидејќи потекнува од болка и лутина. Брејкденсот е секогаш тежок, тој е како борба со сопственото тело, кое во овој случај е оружје, затоа овој вид на танц толку еволуираше во последните неколку години“, објаснува Рауф.
Денес тој е уличен изведувач, но брејкденсот засекогаш ќе остане негова инспирација. Покрај брејкденс, тој е голем љубител на јога, а од неговите фотографии можеме да видиме акробации во кои човек едноставно не би можел да поверува без да ги види.