11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Милошоски до Заев: Како сте задоволни од реализацијата на најавените инвестиции Google и Facebook?

На денешната пленарна седница посветена на пратеничките прашања, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски го потсети Заев на неисполнетите ветувања кон граѓаните. Имено тој му постави три прашања во кои со факти образложи кога, каде и што точно тој им ветил на граѓаните. Милошоски говореше за ветувањето на Заев за инвестиција на Гугл и Фејсбук во Македонија, младинската гаранција како и за ветувањето на Владата за поврат на 15 проценти од ДДВ кон сите граѓаните.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ го започна своето обраќање со долго најавуваните инвестиции на технолошките гиганти Фејсбук и Гугл кои Заев ги најави пред повеќе од една година.

– Првото прашање се однесува на најавените инвестиции за Фејсбук и Гугл во Република Македонија. На 12 септември 2017 година на 24 вести изјавивте дека директно работите со овие две мултинационални компании, дека за разлика од Швајцарија и Ирска кои им бараат данок на добивка од 23 проценти, односно 19 проценти вие им нудите данок на добивка од 3 проценти и дека истите ќе дојдат во Македонија со 30 милијарди евра добивка. Три дена подоцна во Топ Тема кажавте дека сте во напредна фаза на преговори со Фејсбук и Гугл, а на 19 септември имавте средба со господинот Коен еден од директорите на овие компании, по што изјавивте дека сте поставиле добри основи за соработка и инвестирање во Македонија. Моето прашање е како сте задоволен од реализацијата на најавените инвестиции на Фејсбук и Гугл во Република Македонија, вели Милошоски.

Понатаму пратеникот го потсети Заев и на неговото ветување за младинската гаранција најавена во предизборната кампања на СДСМ за предвремените парламентарни избори во 2016, гаранција за која после две цели години нема ни трага ни глас.

– Второто прашање се однесува до господинот Заев и се однесува на младинската гаранција. Во програмата пред изборите 2016 година изјавивте дека во период од 4 месеци по завршувањето на школувањето или станување на невработен, на секој млад човек ќе му обезбедите под 1, понуда за вработување, под 2 можност да го продолжи образованието со поддржа и финансии од владата и под 3 да стапи на практика или тренинг за подготовка за вработување со финансиска поддршка од владата. Ова го имате изјавено во ноември 2016 година, а имајќи предвид дека поминаа две години од тогаш моето прашање е како сте задоволен од реализацијата на проектот младинска гаранција и на колку дипломирани студенти досега им понудивте да се вработат, колку дипломирани студенти го продолжија образованието на трошок на владата, колку студенти добија финансиска помош за тренинг и колку тоа ја чинеше Република Македонија, посочи тој.

За крај Милошоски на Заев му го посочи неговото најголемо предизборно ветување за поврат на 15 проценти на ДДВ, ветување кое наводно беше приоритет за владата на Заев и требаше да биде меѓу една од првите одлуки на Владата предводена од СДСМ.

– Моето трето прашање е поврзано со еден крупен проект кој што го ветивте 2016 година, во ноември 2016 година, каде што изјавите ,,Ја промовирам мерката за поврат на 15 проценти од ДДВ. Изјавивте дека ,,Предлагаме 15 проценти од ДДВ што го има на секоја сметка за вода, за храна, за облека за струја, за се што плаќаат граѓаните ќе се врати назад кон граѓаните, тоа ќе обезбеди 30 илјади денари една плата плус за секое семесјтво и за секој граѓанин. Со тие пари граѓаните ќе можат да си ги платат давачките, трошоците, извршителите, кредитите, да платат нова соба за младите, да можат да платат годишен одмор. Прв проект кој што ќе биде откако ќе ја формираме Владата ќе биде поврат на 15 проценти ДДВ, секое семејство ќе има 30 илјади денари приход. Како сте задоволен од проектот поврат на 15 проценти ДДВ господине Заев?, запраша Милошоски.

поврзани објави

Последни објави