3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Унгарски новинар потврдува дека објавената слика на Груевски на социјалните мрежи е автентична

Познатиот унгарски новинар Даниеле Ноланд на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се гледа како поранешниот Македонски премиер Никола Груевски се шета во центарот на Будимпешта.

Ексклузивно дознаваме дека таа е автентична и е направена меѓу улиците „Кирали“ и „Анкер Коз“. Канал 5 го контактираше Ноланд кој не сакаша да открие кој ја направи фотографијата, но потврди дека другото лице на истата е Александар Трајковски, советник на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба.

Во прилог на тоа оди и профилната фотографија која Трајковски ја има на неговиот Фејсбук, каде што тој е облечен во зимска јакна која е практично идентична со таа што ја носи на фотографијата со експремиерот.

Извор: Канал 5 телевизија

поврзани објави

Последни објави