11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски го повика Заев на ТВ дуел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протестен марш кој го организираше партијата, го повика премиерот Зоран Заев на ТВ дуел.

Ајде пред Нова година, Заев, јас и ти очи во очи, пред целата македонска јавност на дуел. Но, викни ги на помош оние поранешни наши браќа и сестри што застанаа рамо до рамо со тебе во битката против ВМРО-ДПМНЕ, да те избрифираат за „вмровските работи“. Ќе зборуваме и за тоа, ама ќе зборуваме и за сето она кое и го приреди на нацијата, за сите недостоинствени политики. Јас и ти, очи во очи пред македонските граѓаните, па тие нека судат кој е во право. Немој овој пат да се криеш. Избери време, место и медиум. Таму ќе дојдам каде што ти сакаш и ти ќе кажеш, му порача Мицкоски на Заев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на вечерашниот протест не сакаше да ги коментира фотографиите од Никола Груевски во Будимпешта.

Се уште не се знае кандидатот за претседателските избори. Допрва ќе почнеме со внатрепартиски консултации и анализи. Наскоро јавноста ќе го дознае името. А, не е важно зошто Заев не се откажал од хировите на неговите претходници, не е важно ниту зошто ВМРО-ДПМНЕ не се откажало од Груевски, важно е како Македонија да оди напред и како да обезбедиме подобра иднина, изјави Мицкоски за телевизија Канал 5.

поврзани објави

Последни објави