6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ГДУ го промовираше својот локален клуб во Охрид

Граѓанско Демократска Унија-ГДУ, синоќа во хотелот „Нова ривиера“ го промовираше својот локален клуб во Охрид. Настанот беше помрачен од фактот што ден претходно почина таткото на претседателот на локалниот клуб, Крсте Ристески, а на денот на самата промоција пристигна веста за прераната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски.

На самата промоција свои обраќања имаа потпретседателот на локалниот клуб во Охрид Михаил Трендафилов, потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски и претседателот на партијата, Петар Колев.

Во своето обраќање Трендафилов истакна дека верува во идеите кои ги застапува Граѓанско Демократска Унија, бидејќи партијата е млада и нема хипотеки од минатото. Трендафилов истакна дека ГДУ ќе го обели образот на македонското политичко милје и додаде дека луѓето ќе се убедат во тоа, како што тој поверувал во оваа млада и прогресивна партија. Потпретседателот на локалниот клуб истакна дека ГДУ ќе биде промената на политичкото статускво од кое за 27 години, останатите политички партии направиле само поделба меѓу македонските граѓани.

Потпретседателот на ГДУ, д-р Енсер Јусуфоски во своето кратко обраќање ги поздрави присутните и им посака успешна работа во промовирањето на идеите за кои се залага партијата.

Претседателот на Граѓанско Демократската Унија-ГДУ, Петар Колев, обрна внимание на тоа дека основната идеја на политиката е да создаде услови за подобар живот и развој на обичниот човек, а не само поле на кое се истакнуваат различните ставови и се прават политички кариери. Колев беше дециден дека ако политичарите не успеат во тоа да им овозможат понормален живот и секојдневие на граѓаните, тогаш нема никаква смисла во тоа со што се занимаваат. Од партијата информираа дека според нивниот план следниот локален клуб што ќе биде промовиран ќе биде во градот Куманово.

Претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, Петар Колев во своето обраќање изрази сочувство до претседателот на локалниот клуб на ГДУ-Охрид, Крсте Ристески, за прерано изгубениот член од семејството и до семејството на прерано починатиот градоначалник на градот Охрид, Јован Стојаноски.

поврзани објави

Последни објави