Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повторно го повика премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев на ТВ дуел.
„Пред неколку дена од пред платото на Владата на Република Македонија го повикав Зоран Заев, го повикав на дуел. Го повикав јас и тој, како претседател на владата и претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија и најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, да застанеме еден спроти друг, да се погледаме очи во очи и да си кажеме за сето она што не можеме да си кажеме ширум плоштадите. Да ни треба малку повеќе време па народот нека суди и нека пресудува кој бил во право. Да збориме откако претходно ќе го избрифираат овие кои што застанаа рамо до рамо со него за нашите ВМРО-вски работи.“
-Ама ќе збориме и за пљачката, криминалот за националното опустошување, за јазикот за македонската нација за криминалот што го правиш со твојата фамилија. И тоа јас и ти пред народот и граѓаните на Република Македонија па они нека судат и нека пресудуваат дали јас ја зборувам вистината или ти ја зборуваш вистината. Ајде охрабри се излези, избери медиум, избери водител и јас и ти очи во очи да збориме, му порача Мицкоски на Заев.