Министерството за внатрешни работи информираше дека 34. годишен скопјанец заработил кривична пријава, откако на својот Фејсбук профил упатил закани кон американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли.
Станува збор за лице Т.Т., кој направил поврда на кривично дело „повреда на угледот на странска држава“. 34. годишниот човек заканите ги упатувал во текот на минатата година во периодот од 14. до 16. април.
Покрај личниот напад кон Бејли, лицето упатило дополнителни закани преку коментари и кон неговото семејство, притоа ги објавил на официјалната страна на амбасадата на САД во Македонија.