Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, во својата најнова објава на Фејсбук вели дека вчерашниот Конгрес, односно Собрание на ЛДП, беше добра можност за разговор и дружење со делегатите на Либерално Демократска Партија ЛДП.
-Воедно, може да се констатира солидната меѓународна позиционираност на ЛДП кај нивните сестрински партии во Европа и светот. Европската народна партија (ЕПП) и либералната АЛДЕ имаат солидни контакти и соработка во Европскиот парламент. Уште еднаш, благодарност за гостопримството и срдечниот однос кон делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ. Честитки до членството на ЛДП за одлично организираниот настан со повеќе од 500 присутни и до старо – новиот претседател на ЛДП, Горан Милевски, како и неговите соработници, напиша Ѓорчев.
Вчерашниот Конгрес односно Собрание на ЛДП беше добра можност за разговор и дружење со делегатите на Либерално…
Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Monday, December 17, 2018