14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мисајловски: Капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно мизерно ниво

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес беше во посета на Свети Николе. Вели дека посетата ја остварил за да види дали има капитални проекти, но за жал се соочил со истата слика како насекаде во Република Македонија.

-Во Свети Николе беше ветено дека ќе има целосна гасификација, дека ќе се поврзат сите јавни установи со гасификацијата, но може да видиме дека апсолутно ништо не се работи. Во Свети Николе нема капитални инвестиции иако се ветуваа градинки, се ветуваа спортски сали, се ветуваа многу проекти за цело Свети Николе. Но исто како Владата на Република Македонија, така и локалната самоуправа апсолутно не прави ништо. Дефинитивно оваа Влада ќе биде запаметена како најнеспособната Владата во Република Македонија. Но своите пипци Владата ги пуштила и во локалната самоуправа. Може да видиме дека апсолутно нема ниту еден проект, апсолутно слушаме дека постојано нешто ќе се направи, но за жал на терен нема ништо, порача Мисајловски.

Тој потенцира дека капиталните инвестиции во Република Македонија се на едно мизерно ниво.

-СДСМ е Влада која многу ветува, а ништо не прави. Ние мора да го кажеме својот глас, да го подигнеме својот глас и народот да не слушне дека ние како ВМРО-ДПМНЕ она што ќе го ветиме навистина ќе го исполниме, а не како оваа власт постојано само да лаже. Никаде во Република Македонија не може да видиме нешто позитивно. Се е црнило, се е црно. Ние сакаме да направиме притисок, тоа е нашата најважна цел. Да направиме притисок кон оваа власт и на централната, но и на локалната власт да почнат да работат, бидејќи народски кажано не ги бива. Оваа Влада е најнеспособната и мора ние сите заедно со граѓаните да го кренеме својот глас и да ја смениме оваа Влада што поскоро, порача Мисајловски.

поврзани објави

Последни објави