Поранешниот американски претседател Барак Обама облечен како Дедо Мраз изненадно ја посетил детската болница во Вашингтон.
Со капа како на Дедо Мраз и вреќа на грбот, Обама ги посети болните дечиња, ги поздрави и притоа им подели подароци.
Според снимката која беше објавена на Твитер, околу стотина луѓе се собрале во болничкиот ходник и го испратиле Обама со аплауз.
“Разговарав со прекрасни деца и нивните семејства. Татко сум на две прекрасни девојчиња и сметам дека во оваа ситуација најважно е да имаат некој кој е тука за нив”, рекол Обама.
Обама на децата, покрај подароците им поделил и прегратки, а го прекрши и своето правило “без селфи” и позирал со децата и персоналот на болницата.
“Ви благодариме господине Обама. Изненадувањето кое го приредивте ги насмеа и израдува нашите деца. Уживаа во Вашето друштво и среќни се за подароците”, гласеше дел од соопштението на болницата.
Thank you @BarackObama for making our patients’ day so much brighter. Your surprise warmed our hallways and put smiles on everyone’s faces! Our patients loved your company…and your gifts! https://t.co/bswxSrA4sQ ❤️ #HolidaysAtChildrens #ObamaAndKids pic.twitter.com/qii53UbSRS
— Children's National Hospital 🏥 (@ChildrensNatl) December 19, 2018
Извор: supermen.tocka.com.mk