Обраќајќи се на владиниот тим претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест пред Влада им порача, дека казната за црнилата во економијата дополнително ќе стигне. До септември Македонија се задолжи за 350 милиони евра, а секое семејство за 45 илјади денари – ваквиот тренд вели мора да запре.
ВМРО-ДПМНЕ од пред Владата побараа оставка, но и ги повторија нивните барања, да запрат дополнителните даноци и крадењето на народот, да продолжи проектот за гасификација на Македонија, да биде формирана комисија која ќе ги преслуша снимаените разговори во последните две години и да се утврди одговорност за нарачателите, и да се почитува волјата на народот изразена на референдум. Закажаа нов протест за в сабота од Прилеп.