11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Малчески: Главата горе, не чекаат тешки битки, но Македонија ќе биде поубаво место за живеење

Самоил Малчески во интервју за „Поглед“ вели дека овие денови работи на анализа на изборната програма „За живот“.

Кога ќе се сумираат резултатите од досегашната анализа, може да се дојде до заклучок дека во 18 месеци откако се на власт, реализирале само три работи и тоа укинување на екстерното тестирање, укинување на радиодифузната такса и воведување на дневни ефтини тарифи за струја. Се друго се сведува на ЕПП (ефтина политичка пропаганда). За жал, по не знам кој пат се покажа дека млекото од државни јасли е послатко од принципите и борбата за поубава Македонија, вели Малчески.

Моја омилена фоскула е „Главата горе“ и секогаш кога ми било тешко или сум се соочувал со голем предизвик, со тоа сум се мотивирал. Оттука, на читателите на „Поглед.мк“ сакам да им порачам дека еден ден Република Македонија ќе биде поубаво место за живеење, до тогаш „Главата горе“, не чекаат многу тешки битки, но нема предавање, нема откажување. Ќе успееме, додава тој во интервјуто за „Поглед“.

Малчески вели дека ВМРО ДПМНЕ треба да предложи истакнат интелектуалец за свој претседателски кандидат. Личност која ќе биде искра во ова црно време, искра која треба да ја врати надежта кај македонскиот народ!

поврзани објави

Последни објави