6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вучиќ: Северна Македонија би била еден вид на мост меѓу Србија и Грција

Преспанскиот договор беше една од темите на разговор на средбата меѓу Александар Вучиќ и Алексис Ципрас која се оддржа денеска во Белград. За Српскиот претседалел, од исклучителна важност е во целост да се спроведе договорот меѓу Скопје и Атина.

„Тоа би значело дека Република Северна Македонија би била еден вид на мост помеѓу Србија и Грција и дополнително приближување на Белград и Атина. Знаеме дека тоа не е лесно ниту едноставно.“ – изјави Вучиќ.

Нема да претерам дека БЈРМ 30 години преставуваше сива зона меѓу Србија и Грција. По Преспанскиот договор таа повеќе нема да биде ѕид меѓу нас, туку мост за поврзување – порачал Ципрас. Од друга страна, на заедничката прес конференција Вучиќ изјави дека Преспанскиот договор треба да се спроведе на дело и дека Северна Македонија треба да стане мост за соработка меѓу Србија и Грција. Воедно Вучиќ изјави дека го поддржува преспанскиот договор.

Извор: тв21 – ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави