Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Ѓорчев, смета дека има две варијанти како објаснување за бегството на осудениот екс премиер, Никола Груевски. Според него најверојатно се работи за договор со власта. Во спротивно, вели, првите функционери на МВР треба да си поднесат одговорност затоа што не успеале да го спречат тоа.
-Во врска со тоа бегство има две варијанти. Или се работи за неспособност на МВР предводена од Оливер Спасовски, а со доверба од Зоран Заев, или се работи за договор со власта на Заев, кој што е во моментов е главен трговец со правдата во Република Македонија. Или треба да има одговорност, а тоа би значело оставка на Спасовски и структурите во МВР, или се работи за политички договор и тоа граѓаните во Република Македонија треба да го знаат. Огромното мнозинство од граѓанте, а особено поддржувачите на Заев и СДСМ сметаат дека станува збор за политички договор – изјави Ѓорчев во интервју за ТВ21.
Ѓорчев од протест пред Владата дојде во студиото на ТВ21. За вечерашната дебата биле поканети и претставници од СДСМ, но од таму не одговориле на поканата