14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски од прилепската чаршија: ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе нова надеж и правдина за секој граѓанин

Победа на претседателските избори, како предзнак на убедлива победа на предвремените парламентарни, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Прилеп. Пред општинската зграда побара оставка од градоначалникот- најнеспособниот во Македонија.

Му порача на министерот Димитров дека не му е местото во власта ако за него овој народ е искомплексиран. Поентираше зошто економските ветувања на актуелната власт ја водат земјава во бездна.

Подоцна испрати пораки и од главниот штаб на партијата во прилепската чаршија.

Нашата битка сега почнува- порача Мицкоски од Прилеп: Не постои битка што нема да можеме да ја вратиме еден ден- заврши лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: Алфа

поврзани објави

Последни објави