Скоро две третини, односно околу 62% од американските воени авиони, популарните ловци кои се на бродовите носачи, од типот Ф/А-18 „Хорнет“ и „Суперхорнет“ не се во состојба за лет, пренесува весникот „Дифенс њуз“.
Како што се наведува околу 27% од тие ловци се наоѓаат на ремонт, додека 35% од нив чекаат за ремонт поради недостаток на резервни делови, а како главна причина за тоа се наведува недостатокот на финансиски средства.
Освен тоа, според податоците на американската војска, околу 53% од вкупната авијациа, односо 1.7000 авиони не се во состојба за лет, а меѓу нив има и борбени, патролни, но и транспортни летала.