Екс премиерот на Македонија Никола Груевски кој е во бегство и се наоѓа во Будимпешта, повторно се огласи на социјалните мрежи, овој пат со честитка за потпишувањето на протоколот со НАТО, но и со долг напис во кој се осврнува и на прашањето за референдумот.
„Ќе беше уште потриумфално, можеби и со подобри ефекти на краток рок, доколку наместо стратегија „бојкот“ се одеше и се победеше со стратегија „против“ за што сум уверен дека со навремено отпочната силна и интензивна кампања, уште од крајот на пролета 2018-та, и со 10-тина набљудувачи на секое гласачко место, ќе донесеше грандиозна победа на „против“ наспроти „за“. Мојот мотив и убеденост беше да победи „против“ на прашањето за договорот од Преспа во таква форма и со таква содржина, но откако видов дека се дозволи идејата за бојкот многу брзо и непречено да заземе такви големи размери, веќе беше ризично со повик за гласање „против“ да се дели македонското национално „ткиво“, а во корист на намерите на марионетската власт и начинот на кој таа ја вршеше целата операција“, пишува Груевски.
Реформаторот Петар Богојески кој беше жестоко нападнат и критикуван од сопартијци токму поради неговиот став за да се излезе и да се гласа против на референдумот за името, денеска, по објавата на Груевски, се огласи на фејсбук и го праша: Кој е сега предавникот?!
„Груевски – реформатор?!?
И гласот “против” е глас за Македонија! – сега Ви текна?!?
Кој е сега предавникот?!?
Каде сте патриоти, кај отидовте?!?
Не за Вас, ами од Вас плаче Македонија!!!“, напиша Богојески на својот фејсбук профил.
Она што е многу интересно е што екс премиерот Груевски вели дека ја осмислил идејата за референдумот уште во 2005 година и ја претставил на годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ: