Сега од кај Жмицко велат бојкотот на изборите е глас за Заев. Не бе лудаци, бојкотот е глас на разумот, свесност дека сте прочитани. Си пруживте раце, се амнестиравте, си ги вработите децата, сестрите, жените, швалерките, се миропомазавте. Иле Халкидики место во Шутка, оди претставник во НАТО. Целиот систем ви е така наштелуван да не може трета опција да пркне од вас. Сите медиуми ви се купени. Тајната полиција го компромитира секој што ќе го таргетира како влијателен.
Отстрел на умови за вашите влатчиња, радмилчиња, оливерчиња, стевчиња да можат да бидат гласани, да се пуваат божем се цветот на своето племе и партијата. Триесет години ни земавте, станавме најобични фукари кои во вас уште гледаат шанса за некаква компензација за загубеното време. Тоа е вашиот најголем успех. Создадовте робови.
Од бојкот ви фуфка а? Не треба,. Овде уште има имбецили во мнозинство кои чекаат на вас и вашите инструкции. Толку се утепани и изгубени благодарение на лошиот живот што им го сервирате триесет години.
Линк ОВДЕ