16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

СДСМ и нивните коалициони партнери: Постигната согласност за заеднички претседателски кандидат, во интерес на сите граѓани

Партиите од Коалицијата предводена од СДСМ, на вечерашната работна средба постигнаа начелна согласност на лидерско ниво, да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата, како и заеднички да настапат на престојните претседателски избори, уште во првиот круг, информираат од СДСМ.

Оттаму велат дека е договорено да продолжат пошироки консултации во рамки на самите партии, што се дел од коалицијата, за избор на најсоодветен заеднички кандидат за претседател на државата, во интерес на граѓаните.

– Заеднички е оценето дека на Република Северна Македонија и нејзините граѓани им е потребен вистински претседател, партнер на граѓаните, партнер на иднината, кој ќе застане рамо до рамо со прогресивните сили и Владата во процесите кои значат напредок, иднина, економија, членство во НАТО и ЕУ, се наведува во соопштението.

Оттука, како што посочуваат од партијата, функцијата претседател на држвата е од исклучителна важност и со таква одговорност Коалицијата предводена од СДСМ пристапува и во изборот на кандидат за претседател кој ќе работи за граѓаните и ќе ги претстaвува сите граѓани.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на Коалицијата, ќе ги продолжи консултациите со партиите од албанскиот блок во владината коалиција, како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, од власта и опозицијата, околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.

– Коалицијата предводена од СДСМ, која ја сочинуваат над 20 политички партии, се води искучиво од интересот на граѓаните, интересот на државата и нејзината иднина, велат од СДСМ.

поврзани објави

Последни објави