„Иако доаѓам од Македонија која сѐ уште не е дел од ЕУ, ве уверувам дека македонските граѓани се перцепираат себеси како нераскинлив дел од богатиот културен и политички европски простор.За нас е важно да го развиваме нашето општество на принципите кои ги валоризираат индивидуалните човекови права како фундамент врз кои почива и се развива секое демократско општество.Македонија минува низ исклучителен период од својот развој, полноправното зачленување во НАТО е во тек, а ни претстојат сериозни реформи на патот до ЕУ.
Од името на македонските граѓани изразувам благодарност за досегашната поддршка, а од мое име за привилегијата да ви се обратам денеска“, изјави Петар Колев, претседателот на Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, на Самитот на Европските Конзервативци и Реформатори што се одржува во Рим.
Од Граѓанско Демократската Унија- ГДУ информираат дека оваа пригода беше повод да се потпише Меморандум за соработка со Јан Захрадил, претседателот на АКРЕ и кандидат за претседател на Европската Комисија.