6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ги напиша најголемите хитови на Шабан, а него го испрати со емотивен и потресен говор – ниту самиот не знаеше колку си голем

Раде Вучковиќ, долгогодишниот соработник на Шабан Шаулиќ, ги потресе сите во салата со својот последен говор на комеморацијата.

Денес тагува цела Србија и твојот сакан Шабац и милиони твои обожаватели низ светот, тагувам и јас. Твојата Гордана, Санела, Илда, Михајло, внуците беа твој храм. Секогаш брзаше дома да впиеш нова сила, љубов, убавина, која ти беше потребна по долгите и тешки патувања, а тие несебично ти ги даваа и секогаш беа заедно со тебе, рече Вучковиќ.

Јас и ти се дружевме половина век, додаде тој, работевме, патувавме и создававме, делевме и добро и зло. Останавме непобедив тандем, се раѓаа многу хитови…

Беше моја вечна инспирација, најубавите мелодии и стихови ги напишав тебе, а само ти во својта песна со изведбата можеше да ги донесеш тие текстови до совршенство. Беше добар, чесен, скромен човек, ниту самиот не знаеше колку си голем. Се договоривме дека ќе остриме заедно, ќе се дружиме во Крчедин, ќе одиме на риболов. Но, ме предаде, отиде пред мене и со себе однесе дел од мене“ – рече во својот последен говор Раде Вучковиќ, човекот кој ги напиша најубавите песни и стихови за Шабан.

Последно збогум за Шаулиќ имаше и од неговиот вонбрачен син, кој дојде да го испрати својот татко кон вечното почивалиште. Сакаме да се заблагодариме до сите кои го поддржуваа ликот и делото на Шабан низ целиот свет, се заблагодаруваме на безбројните пораки за сочувство и чувствување со нашата болка. Благодарност до нашите кумови, пријатели, семејство, соработници, колеги, претставници од владата на Србија, медиумските куќи, како и на вработените на гробиштата во Белград, како и на сите останати кои помогнаа на полесен начин да го пребродиме овој тежок период, беше пораката од семејството на Шабан.

поврзани објави

Последни објави