Категорично ги отфрлам тврдењата на претседателот на Собранието Талат Џафери дека јас сум бил причината зошто тој не успеал до полноќ да ја заврши седницата со гласање по точката на дневниот ред, изјави пратеникот Мухамед Зекири на денешната прес-конференција. „Воопшто немало ситуација којашто наликува на потребата од прекинување на седницата.
Талат Џафери е искусен пратеник и во минатото успевал да менаџира седници коишто биле далеку по тензични, од таа синоќа. Во ниту еден момент немаше директни навреди од моја страна упатени кон него.
Одговорноста за неуспехот на Собранието да донесе одлука за барањето на Судот за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, Талат Џафери не може да ја префрла на други. Мнозинството беше тука и спремно да гласа и да му овозможи на Судот непречено да ги продолжи своите процеси. Прашање е дали Талат Џафери свесно одработи за ВМРО-ДПМНЕ, односно Трајко Вељаноски да не се соочи со правдата.
Бараме принципиелност, Собранието е должно да постапува и да му овозможи на судот непречено да работи. 27 април е крвав настан, а неговите организатори мора да одговараат.
СДСМ е одговорна партија со одговорна пратеничка група – правдата и интересот на јавноста за нас е на прво место.
Извор: Скопје1 – линк ТУКА