2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Анѓушев два пати го употреби терминот Република Македонија, премиерот Заев беше до него при што го прекина и корегира (Видео)

Вицепремиерот Кочо Анѓушев на прес-конференција за медиумите, раскажувајќи за економскиот развој го употреби името Република Македонија во два наврати.

Денеска е прв работен ден на советникот пратен од канцеларката Ангела Меркел во кабинетот на премиерот односно во Владата. Ги разгледавме сите околности во Република Македонија од економски аспект, ги разгледавме областите кои што ќе обезбедат подобри економски околности за работа во Република Македонија, рече Анѓушев по што беше прекинат односно корегиран од премиерот Заев кој рече: Во Северна Македонија, при што Ангушев продолжи да го употребува терминот Северна Македонија во продолжение.

Видеото од тој момент во продолжение:

поврзани објави

Последни објави