3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Груевски открива дека пратил писмо до Меркел: Нејзината реакција била иста како онаа на Хан и Могерини

Поранешниот македонски премиер кој е во Унгарија, Никола Груевски, даде интервју за РАИ каде зборува за политичкиот прогон.

-Малку пред да ја напуштам земјата испратив писмо до Јоханес Хан, европскиот комесар за проширување, Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ и на многу други, мислам дека и на Ангела Меркел, во кое побарав да испратат судија во пензија од поразвиените земји.

Тој требаше да ги прочита документите според кои ме обвинуваат, да зборува со обвинителите, со нас, со судиите ако е потребно, но на моето писмо не добив одговор – вели Груевски.

Тој вели дека избегал и решил да бара азил од две причини:

– Првата е дека бев под политички прогон, под притисок на владата и нашите судови кои решија да ме затворат. Случајот за кој бев осуден е фабрикуван и фалсификуван вели Груевски.

поврзани објави

Последни објави