Пристапни преговори за членство во ЕУ: Пишува Петар Богојески
Несомнено приоритет бр.1 за нашата држава. Тоа е повеќе од доволна причина, за политички концензус на сите политички субјекти, со цел спроведување на реформите во областа на правосудството, економијата, владењето на правото и јавната администрација.
Но, “либералниот” концепт за “европските реформи” не е единствено “европскиот” и задолжителен за Македонија!!!
Многу поевропски е “христијан – демократскиот и традиционален” концепт, како мнозински и најзастапен на европско ниво!!!
Од тука, лажната претстава, дека мора и треба да се прифати “ултра либерализацијата” на земјава, како нужност да се биде членка на ЕУ, не е и не смее да биде прифатена!!!
Поедноставно да ме разберете, тоа значи дека, колку е “европски” слободата на планирање на семејството и правото на абортус, исто толку е европски и промоција на семејните вредности и заштитата на правата на неродените деца… колку е европски обезбедување на полни права на ЛГБТ заедницата, исто толку е европски и опстојувањето на традиционалната семејна заедница и бракот како заедница на маж и жена… колку е европски промоција на “граѓанскиот” идентитет, толку е европски и негување на “националниот” идентитет… колку е европски да се биде атеист, уште повеќе е европски да се биде верник… и тн. и тн.
Поради тоа, наметнување на либерализмот, како нужност за македонското општество, со цел истото да се европеизира, во целост е неодржлив и погрешен пристап! Дополнително што, про-либералните политички субјекти во земјава, не се апсолутно мнозинство, за на овој начин, ги наметнуваат своите решенија, како единствено исправни и прифатливи!
Консензусот значи баланс на идеолошките концепти во конечните решенија, што е најдобра опција за македонското, сеуште мнозински длабоко, традиционално општество, да се “европеизира”!