Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова овој викенд е во работна посета на Охрид и Струга.
-Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје! Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со закон.
Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга. До кога локалната самоуправа и Владата ќе го игнорираат гласот на граѓаните? До кога ќе се игнорираат препораките на еколошките невладини организации? Право и правда, наспроти профит и клиентелизам, стои во Фејсбук статусот на Силјановска.
Беззаконие владее среде прекрасна природа, од Лагадин до струшкото крајбрежје!Ако ја сакаме Македонија ќе ја чуваме со…
Posted by Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова on Sunday, March 17, 2019