Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.
Иако минатата година по гласањето за уставните измени за менување на името на Република Македонија во Собрание, преку твитер профилот на руската амбасада, Русија испрати порака дека ја признала Македонија под нејзиното уставно име и дека тој став не го менува.
Rусија ја призна Република #Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува”, стоеше на официјалниот твитер-профил на руската амбасада во Скопје, но сепак денеска Русија ја призна Македонија под новото име Република Северна Македонија.
Според видео објавено од Радио слободна Европа на Македонски, Македонија под новото име, односно со додавката Северна ја признале 105 држави меѓу кои: Србија, САД, Велика Британија,Кина,Босна и Херцеговина,Хрватска,Косово.
На 19 февруари 2019 година Руската амбасада во Скопје доби нота од Министерството за надворешни работи на Република Македонија со која се известува за промената на официјалното име на оваа држава во република Северна Македонија”, стои во соопштението од руското МНР.
Во него се додава дека „Руската Федерација ја признава оваа држава под новото име Република Северна Македонија”.