Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со независната пратеничка група која се отцепи од ВМРО-ДПМНЕ која поточно беше исклучена од партијата. Средбата беше на иницијатива на претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба, ставовите за реформските закони и идните предизвици за Македонија“, пишува со соопштението испратено до медиумите.
Новата пратеничка група е составена од 7 членови на ВМРО-ДПМНЕ и еден пратеник од Социјалистичката партија кои гласаа за потребaта од уставни измени, а ќе биде предводена од Елизабета Канческа Милевска. Освен неа во групата се и Владанка Авировиќ, Зеќир Рамчиловиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов.