-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Видео: Вучиќ заплака на говорница: Имам право да плачам

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на одбележувањето 20. години од бомбардирањето во Србија, одржа говор во Ниш и заплака на говорница за време на својот говор.

Не ни мислев дека ќе видам волку луѓе, јас многу пати сум бил во Ниш но не сум го доживеал ова. Тоа е доказ дека народот се променил и дека ќе градиме слобода и мир, истакна Вучиќ.

Додаде дека никој не одговарал за српските цивили и дека за некого тие биле само грешка.

За нас не беа грешка, не смееме да ги заборавиме. 20 години по бомбардирањето иднината е наша должност, рече Вучиќ и се расплака.

поврзани објави

Последни објави