Меган Матиузо има 29 години, по професија е фотограф, најчесто слика свадби, а успеала да го долови и моментот кога го носи на свет својот син Истон.
Пред да се роди нејзиниот син, таа размислувала за начинот на кој ќе го одбележи неговото доаѓање на овој свет. Неколку нејзини пријатели фотографи и понудиле да бидат со неа во собата, кога ќе се пораѓа и заедно со нејзиниот сопруг да направат заедничка фотографија на сите тројца.
Сепак, таа имала сосема друга идеја. Меган сакала сама да го одбележи доаѓањето на својот син на овој свет со фотографирање.
-Сакав една фотографија и тоа од агол кога ќе се гледа како доаѓа на свет и како јас тоа го гледам: мојот син прв пат дише воздух и го гледа светот околу себе, изјавила таа.
Кога својата идеја им ја соопштија на најблиските, сите и дале ист коментар.
-Сите ми рекоа дека сум луда. Јас ја свртев братата кон градите, стомакот го балансирав со камерата, гледав низ објективот и почнав да сликам,- додава Меган.
На денот на пораѓањето кое траело 12 часа, Меган успеала да направи со својата камера фотографии за кои будат силни емоции. Сепак, при пораѓањето имало и компликации.
-Левата страна од мојот стомак не реагираше на анестезијата. Во еден момент го погледнав мојот сопруг и му реков дека не знам дали ќе успеам да издржам, открива Меган и додава дека дури после еден час слушнала како докторката и рекла дека треба да направи само уште еден напон и обид и бебето ќе биде крај неа.
-Прво ја видов неговата глава, потоа и рацете. Беше неверојатно. Го вратив фотоапаратот на мојот маж и потоа Истон го ставија на моите гради, завршува Меган.