-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски до Заев: Топката е кај владата, прифатете ги амандманите кои ги поднесовме и заеднички ќе го гласаме законот за СЈО

Имате пред Вас амандмани, охрабрете се, прифатете ги и заеднички да го гласаме законот за СЈО, за да не биде опозицијата виновна со овие демагогии за анти ЕУ и анти НАТО, рече лидерот на опозицијата до премиерот Заев во ТВ дуелот на „Само вистина“.

Се што е согласно Уставот, се што е искрен коректив за подобрување на законите ќе го прифатиме, рече Заев и притоа кажа дека не е запознаен за поднесувањето на амандманите од опозицијата, бидејќи како што рече од ручек со амбасадорите заминал директно во телевизијата на ТВ дуел.

Вие можете да блокирате колку сакате, но добро е да кажете дали сте за ЕУ и НАТО или сте ПРОТИВ, рече Заев. На новинарско прашање што доколку не се договорат и не се прифатат амандманите, премиерот рече: Продолжуваме разговори со сите други чинители во парламентот, наша цел е да обезбедиме консензус за овој закон и убаво е сите да го гласаме. Наша должност е да направиме се што можеме да направиме за да обезбедиме 2/3 мнозинство, бидејќи само така ќе чекориме напред.

Мицкоски рече ВМРО-ДПМНЕ не бега и дека топката е кај владата, имаат амандмани, затоа добро е да ги прифатат. Се сретнав со 8-те пратеници кои порано беа дел од ВМРО-ДПМНЕ, ги презентирав нашите принципи кои беа презентирани во јавноста за СЈО, разговаравме и за други закони, како што беше законот за националната безбедносна агенција, сакав тие да бидат запознаени за нашите принципи. Не би бил зрел политичар ако би рекол дека некој од тие луѓе не би можел да се врати во партијата, рече Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави