-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Велат не нема“ ечи од стотици грла во Австралија заедно со „Енерџи бенд“ (ВИДЕО)

Ѓоко Јовиќ и „Енерџи бенд“ моментално претстојуваат во Австралија, каде што ги привршуваат настапите од двомесечната турнеја.

Концертите се преполни, а тоа го потврдува и таканаречениот „Солд-аут“ кој значи дека нема повеќе слободни места, а интересно е она што повеќето од гостите се млади Македонци кои во еден глас ги пеат нашите песни.

Ѓоко Јовиќ на социјалните мрежи сподели снимка каде што ги пее моментално најголемите Македонски хитови, а заедно со него ги пеат и сите присутни гости.

На репертоарот се најдоа и: „Бисер Балкански“, „Едно име имаме“, „Велат не нема“.

Погледнете како звучат:

Posted by Gjoko Jovik on Friday, March 29, 2019

Извор: Дневно

поврзани објави

Последни објави