Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат на информацијата која се појави на одредени портали за наводен престој на претседателот на партијата Христијан Мицкоски во Будимпешта, Унгарија.
Претседателот Мицкоски е во еднодневна куса посета на главниот aвстриски град Виена, а самиот престој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа, причината за престојот е за научни цели.
Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација. Вистината е дека во близината на Будимпешта (околу 40км после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката „бентли“ со струмички регистарски таблици, управувано од роднина на премиерот Зоран Заев. Веруваме дека тоа е и изворот на тенденциозноста на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта, обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради слабата поддршка од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.