2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Честитки од ОН: Во Северна Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот

Според последното истражување на Обединетите нации, насловено како “World Happiness Report”, најсреќните луѓе на светот живеат во Финска, Данска и Норвешка. Во топ 10 се и Исланд, Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.

Во изветајот земјите се рангираат врз основа на конечниот индекс на среќа, а среќата се дефинира по повеќе категории: БДП по глава на жител, слобода, великодушност, социјална поддршка, перципција за корупција во владите и претпријатијата и здравје, односно пристап до медицинска нега.

Во Северна Македонија живеат најнесреќните луѓе на Балканот
Во државите од регионот, според извештајот најсреќни се Словенците кои се наоѓаат на 44 место во светот. Позади нив се наоѓа Косово кое е на 46 место. Србија е на 70 место, Црна Гора на 73, Хрватска на 75, Босна и Херцеговина на 78 а Северна Македонија е убедливо последна и се наоѓа дури на 84 место на ранг листата од 156 држави.

Гледано по категории, се гледа дека во земјите од регионот, општествета поддршка е најслаба во БиХ а чувството на слобода е најниско во Црна Гора.

Во поглед на БДП по глава на жител, најдобро е рангирана Словенија а најлошо Косово. Во пристапот до медицинска помош најдобро е во Словенија а најлошо во Северна Македонија.

Најнесреќни на светот се граѓаните на Јужен Судан, Централно Африпката Република и Авганистан. На дното на листата се наоѓа и Танзанија, Руанда, Јемен, Малави, Сирија и Боцвана.

Погледете ја интегралната мапа за среќата во светот:

Фото

поврзани објави

Последни објави